Линкови за пристапност

Обама предлaга даночна реформа за американските бизниси кои работат во странство


Американскиот претседател Барак Обама сака да ја запре праксата американски компании и богатите инвеститори да избегнуваат плаќање даноци преку префрлување на бизнисите во странство.

Обама претстави план кој има цел да ги ги зголеми даночните приходи за државата и да ги заштити американските работни места.

Претседателот вели дека сегашниот даночен законик им ускратува на САД добро платени работни места и очајно потребни средства.

„Се работи за даночен закон кој им овозможува на мал број поединци и компании да одбегнат плаќање на даноци со регистрирање на нивните бизниси во странство. Истиот закон вели дека ќе платиш помал данок ако отвориш работно место во Бангалоре, Индија, отколку да го креираш истото работно место во Бафало, Њујорк“, реле претседателот.

Обама подвлече дека на Кајманските острови на пример, на една адреса се регистрирани илјадници корпорации, а само неколкумина имаат физичко присуство на овие карипски острови.

Со цел да ја корегира актуелната состојба, претседателот сака да направи измени во даночните олеснувања кои поттикнуваат отварање на нови работни места во странство, и да ги пренасочи фондовите кон отварање на домашни работни места, вклучувајќи и инвестиции во образованието.

Американскиот претседателот рече дека сака домашните бизниси да бидат конкуретни со светските компании, но неплаќањето данок ако се работи во странство мора да запре: „Нема да им дозволуваме на американските компании кои создаваат работни места во странство да имаат очеснувања за трошоците кога не плаќааат данок за нивниот профит во Америка. Ќе ја искористиме заштедата да им дадеме даночни очеснувања на компаниите кои инвестираат во истражување и развој дома, со што ќе помогнеме во отварањето нови работни места, зајакнување на иноваторството, и засилување на американската конкурентност“.

Претседателот вели дека неговиот предлог ќе создаде 210 милијарди долари дополнителни пари во буџетот во следните 10 години.

Поранешниот економист од Американската централна банка, Алан Виард за Гласот на Америка рече дека напорите за елиминирање на неплаќањето даноци и спасување на работни места во САД секогаш се политички популарни мерки. Но дека бизнис заедницата тоа ќе го оцени како непрактично и контрапродуктивно.

Планот на претседателот на САД треба да добие зелено светло од Конгресот за да влезе во сила.

XS
SM
MD
LG