Линкови за пристапност

Пораст на продажбата на оружје за Блискиот Исток


Според неодамна објавени податоци, трансферот на оружје на Блискиот Исток се зголемил за 38 проценти во изминативе пет години, споредено со претходните пет, а САД, Русија и Германија и натаму се меѓу најголемите извезувачи на оружје.

Во извештајот на независниот Меѓународен институт за истражувања за мир од Стокхолм стои дека обемот на трансфер на оружје во светски рамки нараснал за 21 проценти во последниве пет години.

Според Пол Холтом, раководител за Програмата за трансфер на оружје при Институтот, листата на главни извезувачи на оружје е константна со години наназад.

„Првите пет снабдувачи на оружје и натаму се САД, Русија, Германија, Франција и Велика Британија“, вели Холтом.

Извозот на оружје од Русија во периодот од 2004-2008, е за 14 проценти поголем споредено со претходните пет години, главно заради интензивната достава за Азија, Африка и Јужна Америка. Холтом коментира дека зголемената цена на нафтата од тој период, што во меѓувреме се намали, навидум е е еден од факторите за зголемена набавка на конвенционално оружје.

Овој аналитичар додава дека е тешко да се предвиди какво влијание во иднина ќе имаат намалувањето на цената на нафтата и глобалната економска криза на светската трговија со оружје. Па сепак, Холтом наведува дека има првични показатели дека одредени земји ја намалуваат побарувачката на оружје.

„На пример, Малезија ги откажа порачките на хелихоптери, а Бразил ја преиспитува својата позиција дали да реализира дел од своите големи зделки“, вели Холтом.

Во најновиот извештај на Меѓународен институт за истражувања за мир од Стокхолм се наведува дека забележан е зголемен обем на трансфер на оружје за периодот 2004-2008 во земјите инволвирани во вооружени конфликти, како Авганистан, Грузија, Израел, Пакистан и Шри Ланка.

XS
SM
MD
LG