Бројот на потврдени случаи на заболени од вирусот на свински грип Х1Н1 брзо расте на глобално ниво, и
покрај затворањето на сите служби во
Мексико што не се неопходни за да се спречи ширењето на болеста од нејзиниот
епицентар.
Мексико
потврди 15 жртви од вирусот, но актуелната бројка на мртви се верува дека е
повеќе од 160. Мексиканските власти известуваат за стотици нови случаи.
Училиштата, бизнисите и
канцелариите чија работа не е неопходна ќе бидат затворени до следната недела.
Многу училишта се затворени и во САД.
Центарот за контрола и
превенција на болести во САД во петок потврди уште 30 нови случаи, со што
вкупната цифра на потврдени случаи во САД се зголеми на 141. Во Хонг Конг и Данска
се потврдени нивните први случаи.