Линкови за пристапност

Судија на Врховниот суд во САД најави пензионирање


Американските медиуми јавија дека судијата од Врховниот суд Дејвид Саутер планира да се пензионира од највисоката судска инстанца.

Извештајот посочува дека Саутер ја информирал Белата куќа за неговите планови да се повлеќе во јуни, кога судот истекува мандатот на актуелниот тим судии. Гласините за пензионирањето на Саутер испливаа изминатите недели поради неговиот неуспех да вработи правни службеници и асистенти за мандатот во идната година.

Портпаролот на Врховниот суд за Ројтерс истакна дека Саутер рекол дека „нема коментар“ на извештајот.

69-годишниот Саутер беше номиниран за судија во Врховниот суд во 1990-та од поранешниот претседател Џорџ Буш – сениор. Тој генерално е на страната на трите либерални судии во многу мислења на Врховниот суд.

Неговото повлекување ќе му даде можност на претседателот Барак Обама да назначи судија во Врховниот суд.

XS
SM
MD
LG