Линкови за пристапност

САД: 13 земји во светот не почитуваат верски слободи


Американска комисија поддржана од владата посочува на 13 држави, меѓу кои Бурма, Северна Кореја и Судан, како најголеми прекршувачи на верските слободи.

Во својот годишен извештај, Американската Комисија за меѓународни верски слободи предлага Стејт департментот да означи 13 земји како „држави од посебна загриженост“, поради тоа што нивните влади толерираат или се вклучени во сериозни прекршувања на верските слободи, како исчезнувања, продолжен притвор и тортура.

Меѓу останатите земји спомената во извештајот се Кина, Еритреја, Иран, Ирак, Нигерија, Пакистан, Саудиска Арабија, Туркменистан, Узбекистан и Виетнам.

Комисијата воедно предлага 11 други земји да бидат ставени на „листа за набљудување“ за серозно прекршување на верските слободи. Меѓу нив се Авганистан, Белорусија, Куба, Египет, Индонезија, Лаос, Русија, Сомалија, Таџикистан, Турција и Венецуела.


XS
SM
MD
LG