Линкови за пристапност

На претседателските избори во САД гласал најразнолик електорат досега


Нова студија од американски истражувачи покажува дека претседателските избори во САД во 2008 имале најразнолико, етнички и расно, гласачко тело во американската историја.

Истражувачкиот центар Пју вели дека речиси една четвртина од гласачите кои излегле на изборите минатиот ноември, не биле бели.

Студијата покажува дека белците и натаму најмасовно излагаат нагласање, околу 76 проценти на 131милион гласачки места. Сепак, нивното учество имало најголемо опаѓање од претседателските избори во 2004 наваму.

Учеството на црни, гласачи од латино-американско и азиско потекло драматично е зголемено во периодот меѓу 2004 и 2008 година.

Генерално, на црните гласачи отпаднал 12,1 процент од гласачкото тело, што е нагло зголемување од претходните гласања.

Гласачите во 2008 го избраа Барак Обама за прв африканско-американски претседател во американската историја.

XS
SM
MD
LG