Линкови за пристапност

Поранешен „непријателски борец“ се изјасни за виновен за поддршка на тероризам


Осомничен припадник на Ал Каида кој пет години се наоѓаше во американски притвор како „непријателски борец“, се изјасни за виновен по обвивенијата дека обезбедувал материјал за поддршка на терористички активности.

Судската постапка за Али ал-Мари се води во федералниот суд во Илиноис. Тој постигна договор со обвинителите за отфрлање на второто обвинение. Ал-Мари се соочува со 15-годишна казна затвор.

Али ал-Мари, со потекло од Катар, во САД дошол легално со својата сопруга и деца, на 10-ти септември. Наредниот ден, терористите извршија напад врз САД.

Властите го уапсија ал-Мари во декември 2001 заради проневера со кредитни картички и други прекршоци. Сепак, пред неговиот случај да се разгледува на суд во 2003, администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш го прогласи за „непријателски борец“, по што бил држен во притвор во воен објект во сојузната држава Јужна Каролина.

Обвинителите велат дека ал-Мари бил поврзан со Осама бин Ладен и терористичките напади на 11 септември 2001.

XS
SM
MD
LG