Линкови за пристапност

Протести на Денот на трудот во Турција и Германија


Полицијата во Турција и Германија се судри со демонстрантите кои денеска го изразуваа своето незадоволство заради глобалната економска криза.

Турската полиција употреби водени топови за да ги спречи маршевите на стотици членови на синдикатот планирани да се изведат на главниот плоштад во Истамбул по повод Први Мај. Според новинските извештаи, за време на протестите биле притворени неколку демонстранти.

Турскиот парламент минатата недела повторно го прогласи Денот на трудот за национален празник. Празникот престана да се одбележува по воениот удар во земјата во 1980 година.

Во меѓувреме, полицијата во Берлин изјави дека 29 полицајци биле повредени откако околу 200 демонстранти почнале да фрлаат шишиња и камења врз обезбедувањето. Според полициски инвештаи, во инцидентот биле уапсени најмалку 12 лица.

Протести по повод Денот на трудот имаше и во Хамбург.

XS
SM
MD
LG