Белата куќа соопшти дека потпретседателот Џо Бајден подоцна месецов ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Косово.
Во соопштението од кабинетот на Бајден се додава дека
потпретседателот ќе се сретне со политичкото раководство во сите три држави, како и со американски претставници и воен персонал стациониран во регионот.
Од Белата куќа велат дека турнејата на потпретседателот Бајден низ Балканот ќе започне на 18-ти мај, а другите детали дополнително ќе бидат објавени.