Да се спречи ширењето на вирусот на свински грип Ха1Ен1,од кој се разболеа стотици луѓе во Мексико и надвор од него, државата од денеска е во застој.
Училиштата, бизнисите и
канцелариите чија работа не е неопходна ќе бидат затворени пет дена, а
претседателот Фелипе Калдерон ги поттикнува луѓето да останат дома за време на
празниците Синко де Мајо.
Мексиканските власти во
четврток кажаа дека уште 40 лица покажале позитивни резултати на тестот за
свински грип, со што бројот на потврдени случаи во земјата е 300, вклучувајќи 12 смртни
случаи. Но, министерот за здравство Хозе Ангел Кордова вели дека бројот на луѓе кои побарале третман за
симптоми налик на грип се намалил, сугерирајќи дека болеста можеби го
достигнала зенитот.
Светската здравствена
организација ги потврди случаите на заболени од вирусот во Мексико и во уште
десет други држави, вклучувајќи 109 случаи во САД.
СЗО до сега потврди 10 смртни
случаи од болеста во Мексико и една во САД. САД се единствената држава со
потврден смртен случај од болеста надвор од Мексико, епицентарот на болеста.
САД планираат да купат уште 13
милиони дози на вакцина за грип кои ќе се додадат на третманот за вирусот.
Секретарот за здравствени и
социјални услуги, Кетлин Сибелиус, во четврток кажа дека 400 илјади од тие дози
ќе бидат испратени во Мексико. САД веќе имаат повеќе од 70 милиони дози на антивирални
лекови во резерви низ целата држава.
Неколку училишни
системи во САД се затворени, но владата не ги затвора границите и ги
охрабрува луѓето да патуваат во земјата
како обично, освен ако чувствуваат
симптоми на грип.
Грипот сеуште
нема пропорции на пандемија, но СЗО бара
државите да постапуваат во борба против ширењето на вирусот со „зголемено
чувство на итност".
Министри на ЕУ во
четврток одржаа вонредна средба по повод кризата, во Луксембург. Министрите од
Асоцијацијата на југоисточните азиски држави планираат да се сретнат следната
недела за координирање на постапките.
Вирусот се појавил во
Австрија, Британија, Канада, Германија, Израел, Шпанија, Нов Зеланд, Холандија
и Швајцарија. Властите испитуваат осомничени
случаи во Австралија, Коломбија, Франција, Данска, Јапонија и Јужна Кореја.