Линкови за пристапност

Американско-мексиканската граница ќе остане отворена  


Администрацијата на претседателот Обама стои на својата одлука да ја држи границата со Мексико отворена, и покрај појавата на свинскиот грип.

Американскиот потпретседател, Џо Бајден, во интервју за телевизиите Си-Би-Си и Ен-Би-Си изјави дека затворањето би било огромна работа со мали резултати.

Сепак, Бајден рече дека би ги советувал членовите на неговото семејство засега да избегнуваат авионски превоз или железница. Тој стравува од ризикот од ширење на вирусот во затворен простор.

Белата куќа ја појасни оваа изјава на потпретседателот, велејќи дека неговата изјава е на линија на ставот на администрацијата, дека Американците се советуваат да избегнуваат непотребни патувања со авион кон или од Мексико и при појава на првите симптоми болниот да избегнува авиони или други затворени јавни места како подземните железници.

Во меѓувреме, бројот на заразени лица од свинскиот грип во САД и натаму расте. Американскиот центар за контрола и превенција на болести потврди 109 заболени од вирусот Ха-1-Ен-1 во 12 сојузни држави, но дека е можно да има и . Од Центарот додаваат дека сомнителни случаи се забележани и во други сојузни држави во САД.

XS
SM
MD
LG