Американскиот претседател Барак Обама рече дека автопроизводителот Крајслер направил договор за партнерство со италијанската компанија Фиат и дека ќе пријави банкротство.
Најавата уследи откако напорите за постигнување договори со заемодавачите на Крајслер пропаднаа.
Изминатите недели, работниците, дилерите и повеќето заемодавачи се договорија да ги намалат побарувањата од компанијата која е тешко погодена од економската состојба.
Обама рече дека банкротството е неопходен чекор затоа што мала група инвеститори бараат повеќе пари.
Банкротството ќе го заштити Крајслер од тужби на заемодавачи, додека финансиски не се реорганизира и продолжи да работи.
Владата ќе обезбеди за компанијата околу осум милијарди дополнителни заеми кои ќе помогнат да ја мине транзицијата.
Обама рече дека партнерството со Фиат ќе му обозможи на Крајслер да прави автомобили кои малку ќе трошат, да излезе од банкротство и да просперира.