Меѓу јануари и март годинава
американската економија забележала поголем пад од претходно предвидениот, со
годишна стапка од 6,1 процент.
Ова е втор квартал во кој
економијата во САД опаѓа за преку шест проценти од годишното ниво. Но и покрај
овој тренд, забележан е пораст на вредноста на акциите на американските берзи,
пред се поради благото зголемување на потрошувачката.
Кристина Ромер е главен
економист во кабинетот на претседателот Обама. Таа вели дека се придржува на предвидувањата
на приватниот сектор и дека верува дека ќе има уште еден пад на економијата во
вториот квартал, но помал од претходните.
Сепак, до крајот на годината,
таа верува дека ќе има позитивен растеж.
Мајкл Моран е главен економист
во инвеститорската компанија „Daiwa Securities“ во Њујорк. Тој вели дека на
потрошувачите ќе им биде потребно некое време економски да се опорават. Зашто, додава тој, со опаѓање на пазарот за
недвижностите, има опаѓање на вредноста во овој сектор и ќе е потребно време
сето ова да се обнови.
Моран додава дека економијата
ќе се зголеми на ниво поголемо од два процента во втората половина од оваа
година.