Линкови за пристапност

Свинскиот грип доби ново име


Светската здравствена организација на својата веб-страница објави дека официјално го менува името на смртоносниот вирус во „грип А (Ха-1-Ен-1), по поплаките од страна на ОН и земјоделците.

Земјоделците, особено оние во САД, се пожалија дека името „свински грип“ придонесува луѓето да се плашат да купат или да јадат свинско месо и производи од свинско месо.

Цените на свинското месо неделава нагло опаднаа откако Кина и други земји забранија увоз на ова месо од делови од САД, каде се јавија случаи на заразени од вирусот.

Претставници на СЗО и американскиот Центар за контрола и превенција на болести, велат дека вирусот не може да се пренесе преку храна.

XS
SM
MD
LG