Линкови за пристапност

Свински грип:  факти и мерки на предострожност


Според американскиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) и Светската здравствена организација (СЗО), свинскиот грип го предизвикува вирус што причинува епидемија меѓу свињите, но неговата најнова варијанта - комбинација на свински, човечки и птичји вирус - се пренесува од човек на човек.

Симптомите во основа се слични на оние на сезонскиот грип, како на пример треска, изнемоштеност, губиток на апетит и кашлица. Некои заболени од свински грип искусиле и течење на носот, болки во грлото, гадење, повраќање и пролив. Во некои случаи, грипот довел до тешко запаление на белите дробови, што, пак, резултирало во смрт.

Стручњаците предупредуваат да се држат устата и носот покриени при кивање, како и често да се мијат рацете. Ако чувствувате дека не би е добро, тогаш е подобро да останете дома и да избегнувате места на кои се собираат многу луѓе.

ЦДЦ советува да побарате директна лекарска помош доколку имате проблеми со дишењето, ненадејни вртоглавици и интензивно повраќање.
СЗО и ЦДЦ наведуваат дека свинскиот грип не може да се добие од конзумирање свинско месо, целосно и соодветно зготвено.

Научниците работат на развивање на вакцина што ќе го спречи ширењето свинскиот грип, но во меѓувреме на располагање се неколку антивирусни лекарства што може да се употребат за треман на ова мошне заразно респираторно заболување.

Според повеќето здравствени стручњаци, Мексико е епицентарот на избивањето на свински грип.

Во 1976-та, појавата на свински грип во американската сојузна држава Њу Џерси причини еден смртен случај, а сериозно заболија 200 лица.

XS
SM
MD
LG