Американскиот претседател во среда одбележува сто дена на функцијата, со два големи настани чија цел е да се потенцираат постигнувањата на неговата администрација.
Обама ќе биде на собир во Сент Луис, во Мисури, каде најверојатно ќе зборува за своите иницијативи во областа на економијата, здравствената заштита и други прашања. Подоцна, претседателот ќе се врати во Белата куќа за прес конференција што ќе биде пренесувана на националната телевизија.
Обама презеде амбициозна агенда откако стана првиот Африканско-американски претседатател на 20 јануари. Тој издејствува 787 милијарди долари тежок пакет за стимулирање на економијата и претстави голем број иницијативи за поправање на ослабената финансиска и автомобилска индустрија.
Во областа на националната безбедност и надворешна политика, претседателот нареди затворање на притворниот центар во Заливот Гвантанамо, во Куба, и го промени приодот на САД кон војните во Ирак и во Авганистан. Обама презеде чекори за поправање на американскиот имиџ во странство, вклучувајќи посегање по муслиманскиот свет и направи потези за приближување кон лутите американски ривали Куба, Иран и Венецуела.