Линкови за пристапност

Обама по 100 дена на функцијата:  Нема одмор


На 29-ти април се навршија сто дена откако американскиот претседател Барак Обама стапи на функцијата. Иако вели дека е задоволен со напредокот во земјата, тој најави дека нема време за одмор.

На средбата со граѓани во Сент Луис, сојузната држава Мисури, Обама кажа дека Американците повторно се кренале и работат на обнова на земјата. Па сепак, тој предочи дека САД се соочуваат со многу препреки.
Обама подвлече дека земјата мора да изнајде начини да обезбеди дека актуелната финансиска криза нема никогаш да се повтори и да ги намали растечките трошоци за здравствена заштита грижа што ги погаѓаат бизнисите и семејствата.

На прашање од публиката, претседателот рече дека САД не можат да си дозволат да го занемарат остатокот на светот. Тој кажа и дека неговата влада ќе работи на справување со климатските промени на „интелегентен“ и одржлив начин.

XS
SM
MD
LG