Линкови за пристапност

Доживотни казни затвор за групата обвинета за заговор за напад врз базата Форт Дикс  


Федерален судија му изрече казна доживотен затвор и на четвртиот обвинет за заговорот за убивање на американски војници во базата Форт Дикс во Њу Џерси.
Мохамед Шневер, родум од Јордан доби доживотна казна плус 30 години затвор. Судот претходно им изрече слични доживотни казни на браќата Дритан, Елвир и Шаин Дика - етнички Албанци родени во Македонија.

Казната против петтиот обвинет Сердар Татар од Турција се очекува подоцна во текот денот.

Пресудата уследи по осумнеделен судски процес во кој обвинителите тврдеа дека лицата биле инспирирани од Ал-Каида и дека нивнот мотив бил одбрана на Исламот.
Властите ги уапсија обвинетите во мај 2007-ма. Сите се изјаснија за невини.

XS
SM
MD
LG