Линкови за пристапност

Нови случаи на свински грип ширум светот


Земјите ширум светот јавуваат за нови случаи на свински грип од кој, според проценките, досега починаа 152 лица во Мексико, а се верува дека над 1,600 се заразени.

Нарасна и бројот на заболени во САД – на 64. Некои од случаите во САД се од сојузните држави кои се граничат со Мексико, а голем број од заболените неодамна ја посетиле таа земја. Потврдени случаи на свински грип има и во Канада, Њу Зеланд, Британија, Шпанија и Израел, додека во Австралија, Франција, Данска и Јужна Кореја властите испитуваат случаи за кои постои сомневање дека се свински грип.

Избивањето на грипот во Мексико предизвика властите во многу земји да преземат вонредни мерки.

Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот го крена нивото на опасност од пандемија, наведувајќи дека веројатноста од неа се зголемила, но дека таа се` уште не е целосно извесна. Сега нивото на скалата од 1 до 6 е подигнато на 4, со оглед на фактот дека вирусот се пренесува од човек на човек. Во Организацијата велат дека фокусот треба да биде на олеснување на ситуацијата, а не на изолирање на вирусот, поради тоа што тој веќе се проширил на светско ниво. СЗО наведува и дека свинскиот грип е особено акутно респираторно заболување, со симптоми во основа слични на сезонскиот грип, но со случаи кои рангираат од мала инфекција па се` до тешко запаление на белите дробови што резултира во смрт.

XS
SM
MD
LG