Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вели дека таа и претседателот Барак Обама климатските промени ги сметаат за централен фокус на американската надворешна политика.
Клинтон во понеделникот на собир во Стејт Департмент во Вашингтон ја нагласи определбата на администрацијата да работи на климатските промени, пред претставници на 17 големи економии, плус ОН и Данска.
Државниот секретар кажа дека
САД прекинуваат со старата политика. Таа забележа дека порано
месецов, Агенцијата за заштита на животната
средина ги објави своите заклучоци дека јаглеродниот диоксид и други
штетни испуштени гасови се закана за јавното здравје и добросостојба. Таа рече
дека овој потег ќе овозможи построга регулатива за испуштањето гасови од
автомобилите.
Клинтон на групата исто така
кажа дека науката недвојбено покажува докази дека климатските промени стануваат
секоја година подраматични.
Таа рече дека покривката од
мраз се намалува, нивото на водата се зголемува, а океаните стануваат покисели.
Клинтон додаде дека реалноста на теренот
е пострашна од моделите за најлошо сценарио што биле изработени само пред
неколку години.