Официјални лица во Мексико ги суспендираа училиштата низ целата земја, додека мексиканската влада се обидува да се справи со избивањето на свинскиот грип, од што се сомнева дека умреле 149 лица.
Министерот за здравство во
понеделник соопшти повисока цифра на смртни случаи, што сега е над сто.
Мексиканските власти велат
дека училиштата ќе бидат затворени до
почетокот на мај.
Од свински грип во Мексико,
каде што е епицентарот на болеста, се верува дека има повеќе од 1600 разболени
лица.
Светската здравствена
организација потврди 40 случаи на болеста во САД, двојно повеќе од претходната
цифра; шест случаи се потврдени се во Канада. Шпанија го потврди првиот случај
во земјата во понеделникот, додека осомничени случаи се испитуваат во државите меѓу кои Нов
Зеланд, Франција и Израел.