Линкови за пристапност

Џенерал Моторс  излезе со нов план за реструктуирање


Компанијата Џенерал Моторс укинува уште 21 илјада работни места, затвора нови фабрики, намалува претставништва и ја елиминира марката „Понтијак ".

Новиот план за реструктуирање исто така вклучува понуда до сопствениците на обврзници да заменат околу 27 милијарди долари долг за акции во новооживеаниот автопроизводител.

Марката „Понтијак" излезе на пазарот во 1926 и стана позната за спортски, моќни автомобили, како „Фајарбирд". Продажбата на овие автомобили беше во зенитот во 1970-тите, но оттогаш е во опаѓање.

ЏМ се соочува со можно банкротство доколку не успее да се поврати до први јуни – рокот поставен од администрацијата на Обама.

Во петокот, американскиот Оддел за финансии на Џенерал Моторс му даде уште еден заем со ниска каматна стапка во износ од две милијарди долари.
XS
SM
MD
LG