Владите во светот преземаат
мерки за избегнување на пандемија и глобална хистерија додека нови можни случаи
на свински грип се појавуваат во Канада и Нов Зеланд.
Светската здравствена
организација објави вонредна меѓународна загриженост за јавното здравје заради
вирусот кој има „пандемичен потенцијал".
Меѓународниот Црвен крст вели
дека се согласува со анализите на СЗО и дека нема „да штеди ресурси за
справување " со заканата.
Здравствени претставници во
Мексико, каде што е епицентарот на болеста, велат дека од свински грип се
верува дека умреле 103 лица и разболени се
најмалку 1600.
Во меѓувреме, азиските држави започнаа со проверка на авионските патници.
Американскиот секретар за домашна безбедност Џенет Наполитано објави вонредна состојба во областа на јавното здравје, велејќи дека акцијата ќе им овозможи на властите да употребат федерални пари и да пуштат во оптек резерви на анти-вирални лекови.
Наполитано кажа дека САД ќе ги проверуваат посетителите од инфицираните области.
Вршителот на должност директор на Центрите за болести, контрола и превенција, вели дека 20 случаи на свински грип се потврдени во пет американски сојузни држави (Тексас, Калифорнија, Њујорк, Канзас и Охајо).