Линкови за пристапност

САД: Опадната продажбата на домови и производството


Два нови извештаи укажуваат дека американската економија се уште не е застаната на здрави нозе, но декаможеби се движи во правец на опоравување.

Цифрата на непродадени домови нагло опадна во март, во време кога опаѓањето на цените на домовите и ниските каматни стапки привлекоа купувачи на пазарот. Сепак, бројот на продадени новоизградени домови забележа пад од шест десетини од еден процент.

Во друг извештај се посочува дека американското производство и натаму бележи опаѓање, но со пониска стапка отколку што предвидуваа експертите.

Нарачките за трајни добра, скапи производи кои треба да траат со години, опаднаа за осум десетини од процентот во март.

Многу економисти предвидоа дури и поголем пад месецов и некои тоа го толкуваат како знак дека опаѓањето забавува и може да се случи спротивен тренд подоцна годинава.

XS
SM
MD
LG