Линкови за пристапност

Научниците повикаа на создавање наука за огнот


Меѓународна група на истражувачи повика на создавање одделна научна дисциплина која ќе го проучува огнот.

Научниците велат дека има основно непознавање за огнот, кој има влијание врз секој аспект на животот на Земјата.

Неконтролираните огнови секоја година предизвикуваат милијарди долари штета по здравјето, животот и биодиверзитетот, иако експертите велат дека знаат релативно малку за основниот елемент и неговото влијание.

Во текст објавен во журналот Наука, ко-авторот Стив Паин и колегите велат дека моментално нема систематичен, научен начин за изучување на огнот.

Паин, историчар за огновите од државниот Универзитатот Темпи во Аризона, вели дека одамна требало да се создаде ваква наука: „Огнот го има од дамнешно време и не беше сметан како посебна дисциплина. Не постои како посебна научна гранка. Ги знаете другите основните елементи – земјата, воздухот и водата“, вели тој. „Сите дисциплини се развиле како самостојни гранки, но не и огнот“.

Паин и десетина други истражувачи направиле компилација од актуелните податоци за влијанието на огнот врз глобалното затоплување, со цел да се потенцира потребата од нова дисциплина за огнот.

Научниците дошле до сознание дека сите огнови комбинирано, од намерни, со кои земјоделци ги горат сувите гранки, до случајни пожари предизвикани од човекот и природата, се ослободува количество на јаглероден диоксид, кој, пак е еднаков на половината од емисијата на јаглеродниот диоксид од издувните гасови во атмосферата.

Тие исто така велат дека пожарите ја полнат атмосферата со други потенцијални загадувачи кои причинуваат климатски промени, вклучувајќи метан-гас, аеросоли и чад.

Паин смета дека климатските промени може да доведат до топли, суви услови кои се добра подлога за диви пожари.

„Стравуваме дека во потоплиот свет, ќе има повеќе пожари, дури и на места каде вообичаено ги немаше. Треба да знаеме кои се тие места и како со проблемот да се справиме“.

Авторите се надеваат дека извештајот ќе го увери Меѓувладиниот панел за климатски промени, тело составено од експерти кои го проучуваат влијанието на глобалното затоплување, да обрне повеќе внимание на огнот како значајна сила во глобалното затоплување и дека ќе предизвикаат интерес кај научната заедница за нова научна дисциплина посветена на проучувањето на огнот.

XS
SM
MD
LG