Линкови за пристапност

Разговори меѓу САД и Русија за нов договор за намалување на оружјето


Американски и руски преговарачи ги отворија разговорите за новa спогодба што треба да го замени Договорот за стратегиско намалување на оружјето во 1991-ва, кој истекува во декември.

Американскиот заменик-државен секретар Роуз Готемолер и претставникот од руското министерство за надворешни работи Анатоли Антонов ги предводат двете делегации на разговори во Рим.

Претходно месецов, американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитри Медведев изразија надеж дека ќе се согласат за продолжување на договорот и за намалување на стратешкото оружје со долг дострел што постои во залиха.

Во соопштението, по разговорите во Лондон, двајцата лидери ги задолжија преговарачите да известат за напредок до јули, кога Обама треба да ја посети Русија.

Во заедничко соопштение, двајцата претседатели изразија подготвеност за надминување на менталитетот на Студената војна и за свеж почеток на односите меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG