Линкови за пристапност

Пакистански Талeбан вели дека ќе се повлече од северозападните области


Портпарол на Талeбан во Пакистан вели дека милитантите се согласиле да се повлечат од северозападната област во која се инфилтрираа порано неделава.

Портпаролот рече дека талебански официјални лица ќе заминат за Бунер в петок да им пренесат порака на борците кои преминале во областа од нивното упоруште во соседната долина Сват. Локални лица соопштија дека Талебанците со база во Бунер може да останат во областа доколку не патролираат по улиците.

Пакистан распореди илјадници војници во областа откако талебанските борци почнаа со поставување контролни пунктови во областа, која е оддалечена помалку од 100 километри од Исламабад.

Има извештаи дека талебанските милитанти влегле во соседната област Шангла.

САД изразија загриженост за воениот и политички напредок на Талебанците. Официјални лица велат дека мировниот договор меѓу пакистанската влада и Талебанците во северозападниот регион на Малаканд може да ги охрабри милитантите.

XS
SM
MD
LG