Американскиот синдикат за заштита на граѓанските слободи вели дека американските власти се согласиле да објават фотографии на кои е видливо наводно малтретирање на затвореници од страна на американски персонал во Ирак и Авганистан за време на администрацијата на претседателот Буш.
Оваа организација синоќа соопшти дека Одделот за одбрана се согласил да ги објави фотографиите, како реакција на правната постапка што се води уште од 2004 година.
Адвокатот Амрит Синг од синдикатот вели дека фотографиите обезбедуваат „визуелен доказ“ дека малтретирањето на затворениците не било исклучок, туку нашироко се употребувало.
Претходната администрација одбиваше да ги објави фотографиите велејќи дека со тоа ќе се поттикне анти-американско расположение и може да значи прекршување на обврските на земјата спрема затворениците согласно Женевската конвенција.