Линкови за пристапност

Пакистан распореди трупи како одговор на проширената територија на Талебан


Илјадници пакистански безбедносни сили се распоредени во северозападната област Бунер, во која оваа недела се инфилтрираа талебански милитанти.

Неидентификувани напаѓачи извршија напад врз паравоените трупи, при што беше убиено едно лице. Трупите ги зазедоа позициите околу владините згради и главни патишта во Бунер, кој се наоѓа околу 100 километри од пакистанскиот главен град Исламабад.

Талебански борци допатуваа во Бунер минатата недела, откако владините сили го одобрија мировниот договор за воспоставување Исламистичко владеење во областа Малаканд, каде се наоѓа поранешниот скијачки центар Сват Вели.

Поранешниот пратеник во Бунер, лоциран јужно до Сват, за Гласот на Америка рече дека Талебанците имаат целосна контрола во областа и оти локалната влада го загубила авторитетот во регионот.

САД и други западни нации стравуваат дека исламските милитанти се охрабрени од контроверзниот мировен договор.

Во средата, американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја обвини пакистанската влада дека им дава се поголема територијална контрола на Талебанците. Таа рече дека хаотичната ситуација претставува „смртна закана“ за САД и за светот.


XS
SM
MD
LG