Линкови за пристапност

Џенерал Моторс ги затвора фабриките за летните месеци


Американскиот произведувач на автомобили во САД Џенерал Моторс вели дека планира затворање на најголем дел од своите фабрики за околу девет недели во претстојната летна сезона.

Различни новински извештаи велат дека одлуката била донесена заради тоа што компанијата се соочува со ниска побарувачка и големи резерви на непродадени автомобили.

Претставници на ЏМ се очекува и официјално да го потврдат затворањето на фабриките. Компанијата има закажано разговори со лидерите на синдикатот за денеска.

Портпарол на ЏМ вчера кажа дека компанијата ќе го пропушти рокот – 1 јуни, да исплати една милијарда долари од заемот на владата.

Одделот за финансии на ЏМ даде повеќе од 13 милијарди долари под услов да има план за реструктуирање до 30 мај. Неуспехот да се постигне рокот може да ја турне компанијата во банкротство.

Порано во средата секретарот за финансии на САД, Тимоти Гајтнер, кажа дека глобалното економско опоравување не е можно додека САД повторно не почнат да просперираат.

XS
SM
MD
LG