Нов извештај на Сенатот покажува дека Централната
агенција за разузнавање побарала дозвола од администрацијата на Буш за
испрашување на осомничени за тероризам со употреба на сурови техники, како што
е симулирано давење.
Сенатската комисија за разузнавање во средата објави
извештај со точно време на политиката на испрашување на поранешната
администрација.
Имено, во 2002, тогашниот Советник за национална
безбедност, Кондолиза Рајс, го одобрила барањето на ЦИА за употреба на симулирано
давење
во случајот на наводниот оперативец на ал-Каида Абу
Зубеида, што е во надлежност на американскиот Оддел за труд. Извештајот вели
дека Зубејда бил подложен на оваа техника 83 пати во август 2002.
Извештајот вели дека потпретседателот Дик Чејни ја
потврдил поддршката на Белата куќа за програмата за испрашување една година подоцна.