Линкови за пристапност

На светот му треба економското опоравување на САД


Висок американски официјален претставник вели дека надежите за глобално економско опоравување зависат од американската економија и финансиски систем.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер предупреди дека најголемата економија во светот е толку раширена, што светското опоравување не е можно без да американската економија да почне да просперира.

Гајтнер рече дека САД имаа значителен удел во одговорноста за глобалната рецесија, нарекувајќи го економското забавување „нагла корекција на финансиските претераности“.

Тој ги повика најмоќните светски економии да продолжат да работат на стабилизирање на финансиските системи и да осигураат во иднина „економскиот растеж да не зависи од американскиот потрошувач“.

Гајтнер треба да биде домаќин на министрите за финансии од Групата седум на разговорите во Вашингтон в петок.

Американскиот секретар за финансии рече дека актуелната криза покажува дека економските неволји може да се прошират со енормна брзина, дури и да ги погодат економиите кои се релативно силни.

Гајтнер рече дека граѓаните треба да разберат дека вонредните мерки што ги презема администрацијата на Обама се привремени, кои ќе бидат сменети штом американската економија ќе се опорави. Тој ова го кажа како одговор на изразите на загриженост заради претераните трошоци на владата, што нема да биде постојана пракса.

XS
SM
MD
LG