Линкови за пристапност

Доброволци ја шират еколошката порака низ основни училишта во Калифорнија  


Организацијата „Заедничка визија" од Калифорнија преку музика, танци, забавни активности ја шири свеста на учениците во оваа сојзуна држава за тоа колку важна ќе биде заштитата на животната средина во нивниот натамошен живот.

Волонтерите на организација ги посетуваат училиштата со автобус што користи гориво од употребено масло за готвење. Таму организираат акции за садење на овошни дрвја.

Децата покажуваат интерес. „Научивме како да садиме дрвца и да рециклираме",со возбуда во гласот велат учениците Ифрејн и Рики од Основното училиште „Хармони" во Лос Анџелес. Учителот Салвадор Сотело додава дека децата едноставно уживаат да ги извалкаат рацете во почвата и така да научат колку е важно да се садат дрвја и да добиваат плодови од нив.

Целта на „Заедничка визија" е учениците да се занимаваат со еколошките прашања на практичен начин. Меган Ватсон, директор на организацијата вели дека „аспектот е преку игри и забава да научиме како да дејствуваме, да прославуваме, да соработуваме како заедница".

Волонтерите на „Заедничка визија" во рамки на редовната годишна турнеја допреле до 40.000 ученици со кои во текот на изминатите пет години заедно посадиле дрвја во вкупно 100 училишта.


XS
SM
MD
LG