Линкови за пристапност

Косовскиот претседател бара да заврши мисијата на ОН во неговата земја


Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу побара од ОН да го завршат присуството во земјата по десет годишно администрирањена областа.

Сејдиу рече дека косовските институции и мисијата на ОН постигнале добри резултати во повторната изградба на земјата изминатава деценија, но шефот на ОН во областа,

Ламберто Заниер, му порача дека е е дојдено време успешно да биде завршена мисијата.

Косово беше под администрацијата на ОН од 1999-та со резолуција на Советот за безбедност, која беше усвоена по воздушните напади на НАТО врз Југославија. Официјални лица од ОН минатата година почнаа со намалувањето на операциите, откако косовските лидери еднострано објавија независност од Србија.

Меѓутоа, Србија, поддржана од традиционалниот сојузникРусија, ја отфрлија одлуката на Приштина и соопштија дека нема никогаш да ја признаат независноста на Косово.

Официјални лица во Белград и српските жители на Косово инсистираат мисијата на ОН да остане.

Педесет и осум земји ја признаа независноста на Косово, вклучувајќи ги САД и повеќето членки на ЕУ. Во моментов за обезбедувањето на Косово се грижат 15 илјади војници на НАТО и две илјади претставници на ЕУ.

XS
SM
MD
LG