Линкови за пристапност

Клинтон: Запирањето на Иран да дојде со нуклеарно оружје е врвен приоритет


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вели дека запирањето на Иран да дојде до нуклеарно оружје е приоритет за администрацијата на претседателот Барак Обама.

Во сведочење пред Комисијата за надворешни односи на Претставничкиот дом, Клинтон кажа дека со дипломатско ангажирање на Иран САД се во подобра позиција да организираат посилни санкции доколку е потребно.

Иран вели дека нивната нуклеарна програма е за цивилна употреба. САД и нивните западни сојузници ја обвинуваат иранската влада за развивање оружје.

Исто така, на сведочењето Клинтон изрази загриженост за ситуацијата во Пакистан, забележувајќи дека тоа е држава со нуклеарно оружје, во која терористите добиваат се повеќе контрола.

Таа кажа дека клучна цел за анти-терористичката стратегија на претседателот Обама е да се порази ал-Каида и да се спречи нејзино враќање во Авганистан или во пакистан. Секретарот кажа дека меѓународната заедница заедно ќе работи против екстремизмот во двете држави.

XS
SM
MD
LG