Линкови за пристапност

Тајван бара од САД нова пратка оружје


Тајванскиот претседател побара од САД да ги снабдат со нови вооружени системи за одбранбени цели.

Претседателот Ма Јинг-јеоу изјави дека и рекол на приватна американска група за истражување дека наглите промени во армискиот баланс на островот со Кина ја оправдува новата зделка за купување американско оружје.

Ма зборуваше во невладина организација во Вашингтон преку видео-врска за време на настан за одбележување на 30-годишнина од Акт за односи со Тајван.

Актот, кој беше усвоен во американскиот Конгрес кога Вашингтон ги смени дипломатските односи од Тајпеј кон Пекинг, ги обврзува САД да му помогнат на Тајван да се брани.

Администрацијата на Буш предвиде продажба на проектили во вредност од 6,5 милијарди долари, хеликоптери и друга воена опрема за Тајван.

Кина реагираше со откажување на армиска размена со САД.

Предвидената продажба на оружје во Тајван е дел од 12 милијарди вредниот пакет, одобрен во 2001-ва, за кој имаше дебата во Тајван. Во него не се вклучени борбени авиони од типот Ф-16, кои ги бараше Тајпеј.

XS
SM
MD
LG