Линкови за пристапност

Фидел Кастро вели дека САД погрешно го разбрале Раул Кастро


Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро вели дека американскиот претседател Барак Обама погрешно ги интерпретирал изјавите од неговиот помлад брат сугерирајќи затоплување на односите на двата ривали.


Во есеј објавен во вторник на владината интернет страница, постариот Кастро вели дека понудата на претседателот Раул Кастро за разговори со новата американска администрација била израз на храброст и „увереност во принципите на револуцијата" кои го донеле комунистичкиот режим на островот во 1959.


Во говор минатата недела на самитот на латино-американските левичарски лидери во Венецуела, Кастро кажа дека Хавана е подготвена да разговара „за се" со Вашингтон, вклучувајќи го и прашањето за човековите права и политичките затвореници. Неговите забелешки беа одговор на одлуката на Обама за релаксирање на ограничувањата за патување и пренос на пари од Кубански Американци.


Обама пофално зборуваше за гестовите на неговиот кубанаски колега на крајот на Самитот на американските држави во Тринидад и Тобаго. Но тој ја повика Куба да направи натамошни потези, меѓу кои и ослободување на политичките затвореници и намалување на давачките за парични пратки од Кубанските Американци до нивните роднини на островот.


Фидел Кастро ги отфрли овие сугестии во написот, велејќи дека САД, а не Куба, се тие што треба да направат отстапки.

САД го задржаа трговското ембарго против Куба воведено во 1961.

XS
SM
MD
LG