Линкови за пристапност

САД и Таџикистан постигнале договор за снабдување на трупите во Авганистан


Висок американски претставник вели дека САД и Таџикистан го финализирале договорот за транзит на невоен карго за операциите на Запад во Авганистан.

Американскиот помошник секретар Ричард Баучер го потврди долгоочекуваниот договор за време на посетата на главниот град на Таџикистан, Душанбе, во вторник.

Употребата на новата рута за снабдување на 70 илјади војници на НАТО во Авганистан може да започне за два месеци.

Администрацијата на Обама бараше нови снабдувачки патишта за Авганистан откако Киргистан соопшти дека ги истерува американските трупи од воздухопловната база Манас. Главната транзитна рута низ Пакистан станува се поопасна заради заседи што милитантите ги поставуваат на снабдувачките камиони.

Киргистан изгласа коалиционите војници да бидат истерани базата откако доби повеќе од две милијарди долари помош од Русија.

САД сега имаат договори за транзит на неопасен товар со Узбекистан и со Русија.
XS
SM
MD
LG