Некои од водечките компании во светот известија за намалена заработувачка во првите месеци на годинава, заради намалената
побарувачка за нивните производи и
услуги во време на глобална рецесија.
Најголемата
авиокомпанија во светот, Делта, вели дека
во првото тримесечје на 2009 загубила 794 милиони. Тоа е подобрување во однос на
мултимилијардерската загуба пријавена во
истиот период минатата година.
Делта приземјува некои
постари товарни авиони со голема потрошувачка за да заштеди пари, и ги
зголемува давачките за чекирање багаж на меѓународни летови да го зголеми
профитот.
Најголемиот светски
производител на пијалоци вели дека направил
помал профит во првото тримесечје на 2009. Кока-Кола пријави нето приход
од 1,35 милијарди , што е
десетпроцентно намалување.
Најголемиот
произведувач на тешка градежна опрема и опрема за рудаство во светот за прв пат
пријави загуба за првото тримесечје, во
16 години.
Кетерпилар вели
дека има загуба од 112 милиони во првите месеци
на годината.Тоа е голема промена од истиот период минатата година кога фирмата
имаше профит од над 900 милиони долари.