Турски новински извештаи велат дека полицијата привела најмалку 17 осомничени лица кои наводно биле поврзани со терористичката мрежа ал-Каида.
Новинската агенција Анатолија и
турските телевизиски станици велат дека полициските упади на осомничени куќи
кои служеле како нивни засолништа се случиле рано во вторник во источните
провинции Санлиурфа и Газиантеп и во централната провинција Конја.
Исламистичките радикалци изведуваа терористички напади во главно муслиманската држава во минатото. Во 2003 милитанти на ал-Каида убија повеќе од 60 лица и ранија стотици во серија бомбашки напади низ Истамбул.