Раководителот на Меѓународната агенција за атомска енергија вели дека Иран треба реципрочно да одговори на неодамнешните потези на администрацијата на Обама за завршување на меѓународниот спор во врска со техеранскиот нуклеарен порив.
Мохамед ЕлБарадеј во понеделник кажа дека го поддржува променетиот приод на САД, од конфронтација кон дијалог.
Агенцијата е глобално надзорно тело за нуклеарна енергија на ОН кое се фати во костец со Техеран во врска со нивните напори за збогатување на ураниум, што може да биде употребен како состојка во атомско оружје.
САД и западните сојузници веруваат дека иранската нуклеарна програма може да има воена компонента. Иран вели дека нивните атомски активности се мирнодопски, за цивилна употреба.
Шест големи светски сили, меѓу кои и САД, неодамна кажаа дека ќе го повикаат Иран да се приклучи на разговори за неговата атомска програма.
Главниот нуклеарен преговарач на Иран кажа дека Техеран е отворен за дискусии и минатата сабота Ахмадинеџад се воздржа од анти-семитистички коментари слични на оние што ги има направено во минатото.