Линкови за пристапност

Ексон Мобил – најуспешна компанија во САД


Ексон Мобил го смени Волмарт на чело на листата на Форчун 500 – најголеми јавни трговски компании во САД.

Годишната листа на Форчун беше објавена во неделата и на неа се рангирани компании според заработувачката во 2008-ма.

Нафтениот гигант Ексон заработи 442 милијарди долари. Волмарт - 405 милијарди долари.
Две други нафтени компании се наоѓаат меѓу првите пет: Шеврон е трет, а КонокоФилипс четврти.

Индустрискиот гигант Џенерал Електрик е на петтото место.

2008-ма е година која повеќето компании на листата би сакале да ја заборават. Вкупната заработувачка на најголемите кампниите на листата од 500 е падната за 85 проценти, споредено со 2007-ма.

Најпогодени се компаниите кои се занимаваат со финансиски услуги.

Ексон е на првото место на листата од компании кои оствариле најголем профит лина, со заработувачка од 45, 2 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG