Линкови за пристапност

Иран нареди „брза и чесна“ жалбена постапка за затворениот американскаи новинар


Првиот човек на иранското правосудство нареди „брза“ и „чесна“ жалбена постапка за затворената иранско-американска новинарка Роксана Сабери.

Изјавата од правосудството од понеделник вели дека Ајатолахот Махмуд Хашеми го објавил декретот до техеранскиот судски систем два дена откако Сабери беше осудена на осум години затвор.

Во неделата иранскиот претседател го повика правосудството да обезбеди дека новинарката ќе има пристап до целосна одбрана за време на жалбената постапка.

Иранските државни медиуми велат дека претседателот Махмуд Ахмадинеџад испратил писмо до главниот техерански обвинител во кое му дава инструкции да гарантира дека Сабери ќе може да се брани согласно на законот.

Ахмадинеџад го постави барањето по се поголемата меѓународна критика на еднодневното судење на Сабери по обвиненија за шпионажа. Судењето беше одржано во саботата зад затворени врати.

Американскиот претседател Барак Обама изрази голема загриженост за безбедноста на Сабери и за нејзината добробит. Тој во неделата кажа дека Вашингтон работи да обезбеди таа да биде соодветно третирана.

Случајот на Сабери доаѓа во време кога Обама бара дијалог со Иран за олеснување на децениската недоверба меѓу двете држави.

Претседателот Ахмадинеџад во истото писмо повикува и на полни законски права за притворениот иранско-канадски блогер Хосеин Деракшан. Деракшан беше притворен во Иран минатиот ноември по обвиненија за навреда на религиозни фигури. Тој е познат како „татко“ на иранската блогерска револуција за ставање инструкции за тоа како да се создаваат он-лајн журнали.

XS
SM
MD
LG