Линкови за пристапност

Потсетување на трагедијата во Колумбајн


Во понеделникот се одбележува 10-тата годишнина од масакрот во средното училиште Колумбајн во западната американска сојузна држава Колорадо.

Пред 10 години на денешен датум, двајца ученици од истото училиште, убија 12 од нивните со-ученици и учител, повредија други десетина пред да си го одземат животот.

Ерик Харис и Дилан Клибод планирале да детонираат бомби од домашно производство пред да отворат оган од полуавтоматско оружје и пушки.

Знамињата ширум Колорадо се на половина копје во време кога регионот се сеќава на маскрот во средното училиште, еден од првите престрелки во кои живо беше пренесувана на телевизија.

Во неделата, во соседниот парк до училиштето Колумбајн на зајдисонце беше одржано бдеење во чест на 13-те жртви од тој кобен ден.

XS
SM
MD
LG