Линкови за пристапност

Шефот на ОН жали за бојкотот на Конференцијата за расизам


Конференцијата за расизам на ОН, на која не присуствуваат САД многу од нивните сојузници, започна денеска во Женева среде стравувања дека иранскиот претседател ќе го употреби настанот за вербален напад на Израел.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази разочараност што САД и нивните главни сојузници го бојкотираат собирот.

Критиката вели дека организаторите и нанеле штета на конференцијата со планирањето на појавување на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на денот на отворањето, кој повика Израел да биде „збришан од мапата.“

Франција вели дека ќе присуствува на конференцијата, но дека ќе ја напушти ако Иран или други држави ја претворат во платформа за анти-семитистички напад.
Израел денес го отповика својот амбасадор во Швајцарија откако швајцарскиот претседател се сретна со Ахмадинеџад.

Американскиот претседател Барак Обама кажа дека има опасност учесниците на средбата да изразат антагонизам кон Израел на начин што, со негови зборови, е „ комплетно хипокритичен и контрапродуктивен.“

Високиот комесар за човекови права на ОН кажа дека е шокиран и длабоко разочаран од американската одлука за неприсуство.

Други држави кои нема да присуствуваат се Холандија, Полска, Австрија, Канада, Израел, Германија, Италија и Нов Зеланд.

Муслиманските нации кои се критични спрема Израел исто така бараат заштита со цел да се спречат, како што велат тие, навреди од Западот спрема исламот. Муслиманските барања во голем дел произлегуваат од публикацијата на карикатури во европски весници во 2006 каде беа прикажани, според гледањето на многу муслимански влади, навредливи карактеризации на пророкот Мухамед.

Планерите на ОН го организираа собирот да го проценат напредокот во борбата против расна дискриминација и ксенофобија по контроверзната конференција за расизам и ксенофобија од 2001 одржана во Дурбан, Јужна Африка.

САД и Израел ги напуштија тие разговори по обидот на некои учесници да го поврзат ционизмот со расизмот.

XS
SM
MD
LG