Новообјавени владини документи
за испрашување на лица осомничени за тероризам, нудат информации за употреба на
сурови техники одобрени од страна на администрацијата на претседателот Буш, а
спроведени од ЦИА, што ги интензивираат повиците за натамошна истрага за
случајот.
Четирите документи ги
обелоденуваат методите на испрашување на затвореници, вклучувајќи удирање на на овие лица во ѕид, нивно спречување да спијат
и потопување во вода, во техника позната како сумулирано давење.
Документите се од Одделот за
правда, од време на претседателствувањето на Џорџ Буш.
Администрацијата на Обама нареди нивно објавување за да се испочитува рокот на федралниот суд, како одговор на тужбата поднесена од страна на Американскиот синдикат за граѓански слободи.
Ентони Ромеро е извршен директор
на синдикатот. Тој векли дека овие меморандуми
покажуваат дека очигледно се случило прекршување на правото.
Во соопштение за јавноста
претседателот Барак Обама изјави дека нацијата минала низ темен и болен
период. Тој додава дека неговата
администрација нема да поведе судски постапки против агентите кои ги спровеле
тие сурови техники на испрашување, одобрени во објавените документи.
Сепак тој ја остави отворна
можноста да гонење на секој кој дејствувал без правна дозвола.
Мајкл Хајден, кој беше на чело
на ЦИА за време на мандатот на Џорџ Буш, го критикуваше обелоденувањето на
документите, велејќи дека странските влади сега би биле поскептични да
соработуваат со САД.
Од друга страна, сенаторот
Петрик Лехи, кој претседава со Комисијата за правосудство, повика на формирање
на независна комисија.
Некои експерти пак тврдат дека
ставањето на разузнавачката заедница во фокусот на вниманието, само ќе значи
ослабување на нејзиното влијание.
Френк Гафни, претседател на
Центарот за безбедносна политика со седиште во Вашингтон, институт за
истражување што се занимава со националната безбедност, вели дека праксата оперативци на ЦИА да бидат под лупа и се` што ќе
направат да биде преиспитувано, па дури и против нив да се поведува кривична
постапка, би било огромна грешка.
Претседателот Обама вели дека не ја поддржува идејата за спроведување исрага против овие лица. Во соопштението тој истакнува дека нема ништо да се постигне доколку се потроши време и енергија за да се обвинува нешто што е сторено во минатото.