На Интернет постојат многу веб страници, а повеќето од нив нудат илјадници страници информации од областа на здравјето. Страницата што денес ви ја претставуваме е поинаква и се фокусира на користење на одличен видео материјал и илустрации при објаснувањето како функционира човечкото тело и се вика „Визуелен лекар" или „The VisualMD".
„The Visual MD е нов начин на
добивање на информации од областа на здравството преку Интернет. Преку видео прикази од вистински податоци
поврзани со човековото здравје, конечно можеме да дознаеме повеќе за болеста,
причината за нејзината појава, последиците и решенијата", вели Александар
Тиарас, креатор на TheVisualMD.com.
Илустрациите на кои се видливи
крвните зрца кои кружат низ телото или низ бубрезите и кои ги прочистуваат
штетните материи, се базирани врз вистински медицински податоци.
Комјутерски израбтените
илустрации се дело на тим уметници и техничари. Медицинските експерти додаваат
дека добиениот производ е точен.
„Кога и да работиме на проект,
секогаш имаме тим експерти во одредена област.
Тие се одговорни за анализа на секој дел од материјалите, за да
осигураат дека се базирани на научна основа.
Ништо не се објавува без претходно да се провери", вели Тиарас.