Линкови за пристапност

Прв состанок на Обама со владиниот Кабинет


Американскиот претседател Барак Обама и формално одржа средба со неговиот Кабинет за прв пат откако ја презеде функцијата, а главна тема беше намалувањето на федералните трошоци.

Обама по средбата рече дека побарал од шефовите на владините агенции и оддели да заштедат сто милиони долари од федералниот буџет.

Претседателот го поздрави неговиот Кабинет, истакнувајќи дека има е убеден дека ќе успеат да ја постигнат зацртаната цел.

Обама ги истакна плановите на Одделот за домашна безбедност за купување канцелариски материјал на големо за да се заштедат околу 50 милиони долари во следните пет години, како и на Одделот за ветерански прашања да откажат или одложат 26 конференции со што ќе заштедат близу 18 милиони долари.

Во неделното обраќање до нацијата во саботата, Обама рече дека моменталниот курс на владино трошење е „неодржливо“.

Предвидениот буџет на претседателот Обама за 2010-та е
3,5 трилиони долари.

Претседателот најави дека следните недели ќе објави кои владини програми ќе бидат скратени.

Обама рече дека економската криза ги принудила САД да направат инвестиции кои ќе го прошират националниот дегицит и задолженост.

Во Кабинетот на претседателот Обама е потпретседателот Џо Бајден и шефови на 15 владини оддели.

XS
SM
MD
LG