Во Њу Орлеанс започна судскиот процес кој треба да произведе одлука дали армиски инженери се виновни за оштетувањата на насипите од големите поплави кои ги предизвика ураганот Катрина во 2005-та.
Ако жителите на Њу Орлеанс извојуваат победа, десетици илјади поединци или бизниси ќе имаат подобра шанса за побарување милијарди долари како компензација.
Жителите тврдат дека дефектната конструкција и лошото одржување поради одговорноста затоа што каналот е дел од системот за контрола при поплави на Њу Орлеанс, но судијата дозволи отварање случај, затоа што жителите тврдат дека каналот е навигациски проект.
На почетокот од 20-от век, владина одлука им овозможи на армиски инженери имунитет од тужби поради поплави.
Во обвинителниот акт се вели дека ерозијата предизвикала брановите од Катрина да ги урнат потпорните ѕидови на насипот. Армиските инженери ги отфрлаат ваквите анализи.