Линкови за пристапност

Претседателот во посета на ЦИА по објавените документи за испрашување


Американскиот претседател Барак Обама оди во седиштето на ЦИА каде приватно се среќава со високи официјални лица, по што се очекува да се обрати јавно за прашања од националната безбедност.

Посетата доаѓа само неколку дена по објавувањето на документите за методите на испрашување во кои имало брутални техники кои биле одобрени од администрацијата на претседателот Буш за употреба врз осомничени терористи.

Во соопштението се додава дека Обама и неговата администрација нема да гонат агенти кои извршиле брутални методи на испрашување. Сепак, тој ја остави отворена можноста за гонење на секој кој делувал без одобрување на надреден.

Весникот „Њујорк Тајмс“ објави дека испрашувачите од ЦИА користеле тешника со симулирање давање врз неколку приведени најмалку 266 пати.

XS
SM
MD
LG